Јас не се помирив што моите другари и другарки од Делчево отидоа по белиот свет и мака мачат да заработат некој денар. Јас не се помирив што имаат лебарки по студентските домови, што растат печурки по ѕидовите. Јас не се помирив што сите градови останаа пусти, без млади луѓе, рече Дарко Каевски, потпретседател на СДММ на протестот од Шарената Револуција во Делчево.
Доаѓам тука, рамо до рамо, да се избориме за слободата во Република Македонија, а потоа сите заедно да ја вратиме Македонија на европските патеки. 10 години го тероризираат македонскиот народ, нè поделија по сите основи и нè отселија. Дојдено е времето кога кажуваме ДОСТА Е. Не има се повеќе, храбри и одлучни луѓе кои се одважија и тргнаа да си ја вратат слободата. Запирање нема.
Пробаа да се сокријат позади срамната аболиција на фикусот Иванов, не им успеа!
Пробаа да се сокријат позади народот, но токму народ им се случува секојдневно!
Вистинското место за криминалците е во затвор.
Оваа битка е битка на сите нас!
Заедно да го нокаутираме режимот!
Режимот е на колена!