(ВИДЕО) Каевски: Имаме поголемо мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ

Од:

Чекорот за поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ и официјално влезе во собраниска процедура. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со кадровските решенија. Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите. Стабилност и ефикасност ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ. Тоа е добро и за инвеститорите и за економијата, рече на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Каевски напомена дека „нашите деца, нашите граѓани, немаат време за губење. Зголеменото владино мнозинство ќе се погрижи никој да не остане сам оваа зима и заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година. Зголеменото мнозинство овозможува да продолжиме да напредуваме со енергетската транзиција, со економските иницијативи како Отворен Балкан и регионалната соработка. Дополнително, се создаваат услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата“.

„Упатуваме порака до Алтернатива дека вратата за соработка е отворена и понатаму. Овие времиња се важни за европската иднина и за економските реформи и ги повикуваме да се издигнат над тесно-партиските интереси и да размислат уште еднаш. Иако Алтернатива не одговори на понудата за продолжување на соработката, партијата е добредојдена со свој придонес во европската коалиција“ рече Каевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Каевски: Нема промени во ДПМНЕ, тие што го блокираа европскиот пат повторно на изборните листи

Предраг Петровиќ