(ВИДЕО) Каевски: Една година градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо и ги партизираат општините

Од:

Една година како ВМРО-ДПМНЕ ги предводи најголем дел од единиците на локалната самоуправа, една година стагнација на општините. Освен кавги за тендери, партизација на општините, граѓаните ништо друго не видоа од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо пред граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реферираат пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, нему му даават отчет, наместо да бидат транспарентни пред јавноста, изјави денес на прес конференција Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

– Исто како и неговиот претходник и ментор Никола Груевски, Мицкоски оди и прави увид, дава изјави во име на градоначалниците а дури и самиот кажа дека лично тој преговорал за јавна набавка за автобуси за Град Скопје. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски трошат милиони евра среде криза за партиски вработувања, а потоа бараат пари и помош од владата.

Во сред криза, наместо помош за граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и нивните партиски поставени директори удираат по џебот на граѓаните, зголемувајќи ги цените за комунални услуги. Штип, Прилеп, Охрид, Велес, се само дел од општините каде градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ сериозно ги зголемија цените на комуналните услуги и јавниот организиран превоз.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е истата нереформирана партија која ги има поклопено општините, ги има партизирано јавните претпријатија и одработува за интересот на Мицкоски. На оваа партија не и се битни граѓаните, туку единствено интересите на Мицкоски и личното богатење на одредена група луѓе блиски до него. Една година општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат а вината за тоа е неспообноста на градоначалниците и нивната понизност кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски