(ВИДЕО) Каевски: Две години локална власт, а нула резултати, ДПМНЕ не ја оправда довербата на граѓаните

Од:

Две години локална власт – нула резултати, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори. Градоначалниците на ДПМНЕ во над 40 општини не ги остварија изборните ветувања. Напротив, она што го ветуваа пред граѓаните кога им ја бараа довербата не го реализираа. Нема проекти, нема развој, нема резултати. Една голема НУЛА! Дополнително во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки, изјави денес Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги. Скопје е пример како Мицкоски и ДПМНЕ она што го ветуваа пред граѓаните не го испорачаа. Едно зборуваа кога бараа гласови од скопјани а денеска друго, со еден збор донесоа хаос. Во Скопје нема бесплатен градски превоз, клучното ветување не е остварено. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема модерен ниту еколошки транспорт. Наместо модерно Скопје, хаос, нечистотија и смет. Истото се случува и во Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски целосно ги изневери граѓаните. Ги нема ветените проекти од програмата. Нема нова Поликлиника која ја ветуваше, нема ново основно училиште, нема гасификација на училиштата. Спортскиот центар со базен не го направи а салата Расадник се распаѓа. Ѓорѓиевски кој јавно го гледаме со скапи часовници дополнително ја задолжи општината а со тоа и граѓаните. Идентично е во Гази Баба. Две години локална власт на ДПМНЕ донесоа нов долг за граѓаните за 5 милиони евра. Ништо од ветената програма не е остварено. Ги нема 4 те нови градинки, нема 4 нови спортски центри , нема нови улици, нема нови 2 клучки на бул. А. Македонски. Има нечистотија, ѓубре и диви депонии.Сите овие факти ја покажуваат поразителната неспособност на градоначалниците од ДПМНЕ. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните – рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски