(ВИДЕО) Каевски: Два дена Христијан Мицкоски се крие, молчи и не одговара на јавно поставени прашања

Од:

„Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот? Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев да не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања.

Познато е лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго.

Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа тие стануваат се порадикални во деструктивното дејствување.

Мицкоски е слаб, исплашен и очаен, затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави