(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го заглавува издавањето пасоши и им отежнува на граѓаните

Од:

Наместо решение, ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и го заглавува издавањето пасоши. Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство касни со реализацијата. Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

– Погрешните одлуки, опструкциите на процесот и несоодветните чекори го блокираа и процесот на издавање пасоши. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технички министер го укина вадењето пасош без закажување. Тоа негативно влијаеше. Драстично е намален бројот на граѓаните кои можат да се сликаат со што се пролонгира целиот процес со месеци. Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош. Законскиот рок за издавање пасош не се почитува. ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи. Се виде дека ДПМНЕ не може да испорача решение туку создава дополнителен хаос – изјави Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

(ВИДЕО) Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: Паничните лаги на ДПМНЕ и сеењето магла се поради фактот што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски