(ВИДЕО) Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

Од:

„Надлежните за справување со корона вирусот се без компас. Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата.

Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност.

Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема“, вели Лазо Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните.

Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица.

Ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што го предлагавме – поголем број на тестирања на населението.

Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица.

Недозволиво е глумење на нормализација.

Нема нормализација затоа што бројката на новозаболени на ден е огромна, има и по неколку починати, а бројката на оздравени од корона вирусот е незначителна.

Едно е јасно, сега кога има високи бројки на новозаболени здравјето мора да се стави над се и пред се!“, изјави Лазо Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски