(ВИДЕО) Јовановски: Стевчо Јакимовски е еден обичен уличар

Од:

Претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски ја осуди изјавата на актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, каде својот противкандидат од СДСМ, Стефан Богоев, го нарече хомосексуалец и го обвини дека носи хомосексуалци во општината.

-Тоа не е изјава, тоа е брутален говор на омраза и говор на еден обичен уличар, дури ни тие не користат такви зборови какви што користеше Стевче Јакимовски. Јас како жител на општина Карпош се чувствувам одвратно бидејќи бев сведок на мојот градоначалник каде јавно атакува и навредува. Што останува за другите кои треба да го следат неговиот пример, вели Јовановски.

Тој рече дека актуелниот градоначалник на Карпош, својата потреба за насилство ја покажал на повеќе начини во неколку наврати.

-Ова е работа на Основното јавно обвинителство каде што треба да покрене постапка за говор на омраза и дискриминација зад која застанаа сериозен број на луѓе, вклучувајќи го и целиот дипломатски кор. Срамота е да имаме такви примери во политиката каде што ќе излегуваат и како неандарталци изговараат такви грозоморни реченици, рече Јовановски.

Во врска со изгорениот автомобил на таткото на Јовановски, тој изјави дека нарачателот е повеќе од јасен, но не сакаше да даде точни и прецизни информации поради истрагата која што ја води МВР.

-Пораката која што ние ја добивме со тој чин е порака на заплашување, но јас сум познат по тоа дека не се плашам. Ниту сум убил некого ниту сум направил на некого нешто лошо, ниту позади себе имам некаква криминогена позадина, ниту пак сум се бавел со недозволени работи во мојот живот така да јас сум со чиста совест, а оние кои се бават со такви вандалистички чинови тие треба да се замислат и кога-тогаш ќе ја добијат својата казна бидејќи таков чин не може да остане неказнет, рече Јовановски.

Јовановски денеска го искористи своето право на глас за избор на градоначалник на општината во која живее и градоначалник на Град Скопје. Тој рече дека очекува промени по овие избори како во Карпош така и во главниот град бидејќи, како што кажа, тие промени се морални и неопходни.

-Очекувам промени после овие локални избори и во мојата општина поради тоа што тие промени се неопходни и морални. За Скопје долго време посакувам промена бидејќи му е потребна нова енергија бидејќи оваа го отру градот во повеќе аспекти, вели Јовановски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески