(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Од:

Факт е дека хаосот со јавниот превоз во Скопје може да се реши единствено со набавка на нови автобуси. Во таа насока, советничката од Левица, Катерина Јовановска, предложи да се одржи суштинска вонредна седница на која би се изгласала набавка на 250 нови автобуси. Но, ДПМНЕ повторно го одби предлогот и со тоа реши скопјани да продолжат со нивното мачно и неизвесно секојдневие, велат од Левица.

– Ве молам, сериозно прифатете ја ситуацијава! На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања, од овие борби на суети и его! Ова е само театар за деца и младинци, нема никакво суштинско решение… за што сме ние тука денес собрани?! Дадете коретни решенија, три години го збориме истото со советниците од Левица. Ова е само фластер на рана. Сега ќе заврши вонредната седница, Владата ќе донира нафта, ќе има автобуси – после месец дена, нешто пак ќе се расипаат калимерите во коалицијата „За модерно Скопје“ и пак ќе немаме автобуси, и пак ќе свикуваме вонредни седници – истакна советничката од Левица во град Скопје, Катерина Јовановска.

„Вчерашната вонредна седница на Советот на град Скопје е фарса, свикана за изразување на благодарности на причинителот за ова безредие во Скопје – Мицкоски. Имено, наместо да се дискутира и одлучува за трајни решенија, советниците се заблагодаруваа на “соломонското решение“ на Владата за донацијата на нафта на ЈСП.
Причината поради која автобусите останаа без нафта е поништениот тендер од страна на Бирото за јавни набавки кое е управувано од директор на ДПМНЕ. Доколку Владата ги имала овие информации, можеше да ја донира нафтата пред да настане хаосот. Но, стратегијата на ДПМНЕ беше да настане хаос за Владата излезе дека ги спасува скопјани. Игрите на ДПМНЕ се провидни – се креираат кризи за потоа тие да бидат ‘спасители’“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира