(ВИДЕО) Јорданов: Во Штип денес градат само семејните фирми на градоначалникот

Од:

„Ако во 2014 година „Фајненшл Тајмс“ го прогласи Штип за најперспективен микро град во Европа, денес ние може да го прогласиме за град кој стагнира.

Ако од 2013 до 2017 година Штип беше претворен во големо градилиште, денес во општината градат само семејните фирми на градоначалникот“, рече Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Општина Штип доживуваше експанзија на секое поле и растеше во секој поглед. Откако СДСМ дојде на власт градот потона во самодеструкција. Штип веќе ни оддалеку не наликува на студентски и индустриски град во развој во кој младите ќе ја гледаат својата иднина.

Инвестицискиот рај за странските компании во кои работат работници од соседни градови е во фаза на исчезнување, па затоа веќе трета година нема ниту една странска или домашна инвестиција со која би се забрзал економскиот раст и развој во општината.

Во ТИРЗ зоната има нула странски инвестиции после 2017 година. Компаниите се жалат на лошата клима за инвестирање во Штип, па затоа веќе не ја гледаат својата иднина во нашиот град.

Клиничката болница која требаше да биде завршена уште во 2018 година остана карабина која гласно зборува за неспособноста на оваа власт, а автопатот Штип – Миладиновци веќе неколку години само што не е пуштен во употреба.

Градоначалникот во предизборието ветуваше младинска гаранција за вработување на секој студент после завршување на образованието, меѓутоа за тоа веќе нема ни најава дека ќе се случи. Младите масовно се иселуваат од нивниот роден град затоа што овде не ја гледаат својата иднина.

Како резултат на лошото менаџирање на општината од индустриски и административен центар, Штип стана најнеразвиениот град во источна Македонија.

СДСМ не знае како да практикува власт. Нивното неработење и негрижа за народот од национално се мултиплицира на локално ниво. Безидејноста за нови проекти и неспособноста да ги завршат веќе почнатите е на сметка на граѓаните. Тие се жртва на оваа хунта која нема ни принципи ни критериуми за работа, туку само деградира воспоставени пракси, осиромашува население и го отежнува на секој граѓанин во нашиот град“, изјави Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее