(ВИДЕО) Јорданов: Случајот со смртта на пациентката во Штип го расветлува директорот кој бил дежурен на денот кога почина жената

Од:

„Дека Венко Филипче е неспособен и дека неговите пропусти се плаќаат со животи го потврдуваат секојдневните сведоштва на незадоволни граѓани и пациенти.

Замислете, реалната ситуација во болницата во Штип ја дознаваме од статуси на социјалните мрежи. Жртвите на несовесното дуо, ни откриваат како се манипулира во јавност и како сакаат да се амнестираат челниците во здравството.

Тргнати се во процес на заташкување на случајот со смртта на пациентката во Штип, која умре молејќи за кислород кој никогаш ме го доби“, рече Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„По принципот кадија те тужи кадија те суди, Филипче го поставил директорот Георгијев да ја истражи смртта поради недостаток на кислород, иако тој според сведоштвата на многумина тој ден бил дежурен на инфективното одделение како лекар.

Директорот на штипската болница и близок соработник на Филипче, Ален Георгијев одбива да ја каже вистината и очајно се труди да нѐ убеди дека случајот на 14.11.2020 година бил на работа попладне, сепак доказите и исказите на вработените го говорат спротивното.

Имено, од статусот на девојчето од Берово, дознаваме дека е променета датата на смртта на нејзината мајка, што сугерира на криминално прикривање на дежурството на директорот.

Според укажувањата кадарот на Филипче, Ален Георгијев бил дежурен на инфективно одделение од 07:30 утрината, меѓутоа претпладневниот дел од работното време го искористил за гостување во емисија.

Или, на Ален директорот на болницата му било поважно преку емисија да го обелува образот на неговата партија СДСМ, отколку да се грижи за здравјето на критичните пациенти.

Затоа, веќе бараме итна и неотповиклива ОСТАВКА од директорот на штипската болница Ален Георгијев и неговиот пулен, министерот Венко Филипче“, изјави Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски