(ВИДЕО) Јаулески: УМС на ВМРО-ДПМНЕ распишува оглас за пријавување на членови за телото Тим Млади

Од:

„Македонија е држава со младинска невработеност од над 50%, држава во која ниту еден универзитет не е на Шангајската листа меѓу топ 1000 универзитети во светот, држава каде студентите чекаат да бидат сместени во студентски домови 10 дена по почетокот на студентската година, во домови во кои се служи ниско калорична храна полна со бубачки и пикавци.

Македонија е држава во која младината беше излажана од Зоран Заев.

Македонија е држава во која секој млад човек гледа да го заврши своето образование и да замине во странство. Држава во која три години се случува егзодус врз младиот човек“, рече Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е да ставиме крај на лошите политики. Време е да ставиме крај на СДСМ и катастрофата која им се случува на младите.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ водена од идејата за поголема младинска вклученост во општеството и политичките текови во државата, распишува оглас за пријавување на членови за телото ТИМ МЛАДИ, тело кое активно ќе учествува како во креирањето и дооформувањето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на младите, така и во претстојната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.

Ги поттикнуваме сите млади кои се во последната година на студии, дипломци, постдипломци и докторанти со просек од над 8.5, а немаат навршено над 29 години да се пријават на огласот и да дадат свој придонес во активното градење на Македонија во периодот што следи. Огласот е отворен од денес и ќе трае во наредните 15 дена. Време е за младиот, образован и напред млад човек да му се даде можност да се вклучи во градењето на Македонија.

Да креираме проекти од младите за младите. Да создадеме општество во кое секој млад човек ќе сака да остане, работи и да основа семејство. Македонија може. Потребна е обнова. Обновата доаѓа. Вклучи се“, изјави Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ