(ВИДЕО) Јаулески: Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите

Од:

„Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите кое ни се случува откако тие дојдоа на власт.

СДСМ две години не направи ништо суштински за да ги задржи младите да останат во земјата. Две години нема никаков проект, ниту мерка, за сега откако илјадници млади се иселија да излезат со проект кој го нарекоа младинска картичка, а која наместо реална придобивка нуди минимални попусти во скапи локали“, изјави Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно полни автобуси како од внатрешноста, така и од Скопје ја напуштаат Република Македонија. Училиштата се празнат, а амбасадите од Западна Европа годишно даваат неколку десетици илјади работни визи на наши граѓани, воглавно млади кои одлучуваат да работат и живеат надвор од државата.

Ова почитувани е реалноста, редици пред амбасади, празни училишта и полни автобуси правец Западна Европа. Ова е епилогот од владеењето на СДСМ.

Дарко Каевски и Зоран Заев се директно виновни за голготата низ која поминуваат младите. Поради неспособноста и неработата на власта, младинската невработеност во Македонија е најголема во регионот и во Европа.

На младите не им требаат празни флоскули и картички за попусти, младите сакаат нормални услови за работа како нивните врсници од развиениот свет. Дарко Каевски и Зоран Заев не го овозможија ова. Дарко Каевски, Зоран Заев и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат перспектива, а не уназадување“, рече Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела