(ВИДЕО) Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба за Спасовски и барање за обесштетување на граѓаните поради непотребните финансиски трошоци за издавање на личните исправи на граѓаните кои несовесно биле издавани

Од:

Поради неодговорноста и измеќарскиот однос на СДС, граѓаните се доведени во ситуација да бидат во притвор во сопствената држава. Имено, изминатите години, надлежните институции, пред се МВР предводено од Спасовски, свесно работеле против интересите на државата и граѓаните, за сега да има целосен крах во издавањето на патни исправи поради што граѓаните не можат да ги остварат своите основни слободи и права, изјави Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е директно нарушување на човековите и граѓанските права на секој поединец во Македонија, затоа што некој ја злоупотребил својата должност и несовесно работел во службата. Оливер Спасовски е директно одговорен за ова, бидејќи со години наназад набавувал обрасци за лични и патни исправи и истите ги издавал, иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност.

Со тоа, Спасовски не само што го оштетил државниот буџет, туку ги оштетил и граѓаните кои денес се соочуваат со ограничување на движењето и материјална штета. За ова ВМРО-ДПМНЕ во име на сите граѓани ќе побара кривична одговорност од Оливер Спасовски, затоа што граѓаните кои извадиле пасош во период од 2018 година па до денес, а на кои државата не им издала соодветна патна исправа, се директно оштетени и доведени во омаловажувачка позиција да не можат да ги уживаат своите права.

Воедно во име на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и тужба со цел обештетување на граѓаните кои свесно од страна на ова влада на ДУИ и СДС беа изложени на непотребни финансиски трошоци. Почитувани, ова покажува дека оваа власт на ДУИ и СДС е жив зијан за граѓаните. СДС и Ковачевски треба да се засрамат и да им се извинат на граѓаните за овој хаос. Најмалку што може да направат е да ги прифатат измените на законите за лични документи и за безбедност во сообраќајот во итна постапка во Собранието, како прв чекор, за да ја ублажат катастрофата кои ја предизвикаа – рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

Џафери: Оди пресметај се со син ми, не си му ни до мал прст – Пази малку, не си во шума, му врати ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Јанушев: СДСМ и ДУИ подготвуваат кражба на локалните избори

Катерина Ѓуровски

Јанушев: ДИК пребројува по барање на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите не одговараат на официјалните записници

Жарко Настоски

Јанушев: Се обврзуваме да работиме чесно и посветено за секој граѓанин

А1он

Јанушев и Јанакиески договараат летови од Италија и Швајцарија „за нашите“: На „Бетон“ пушти му го тоа да плати

Кристијан Ландов

Партиски списоци во Телеком и закани од Јанушев: Tаа Даниела и тој Ратко, жими се, утре ќе ги убијам

Кристијан Ландов