Јанушев: ДИК пребројува по барање на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите не одговараат на официјалните записници

Од:

По барање на ВМРО- ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците, се со цел да се отстранат сите можности за било какви неправилности во однос на резултатите од избориве.

Имаме сознанија дека бројките од резултатите внесени во системот на ДИК не соодветствуваат со точните бројки внесени во официјалните записници.

Бидејќи официјални првични резултати нема, а и страната на ДИК не е достапна, правиме преглед на записниците од гласањето во нашиот Републички изборен штаб. За секој обид за нарушување на правдата и секоја правна нерегуларност ќе има одговорност.

Очигледно дека власта на Заев не се откажува и покрај загубената доверба од народот. Тие сакаат да ја украдат волјата на народот, но ние ќе се бориме за правда, за народната волја и слобода.

Во моментов сите опции се отворени, и по завршувањето на пребројувањето ќе ги соопштиме нашите следни чекори.

Би можело да ве интересира

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он

ДИК изгласа да се зголемат надоместоците на избирачките одбори за 100 проценти

А1он