(ВИДЕО) Јанушев: Лекарите немаат заштитна опрема, а Владата купува луксузни пијалаци, сортни вина, бурбон виски

Од:

„Скандалот со скапи набавки, раскалашеност и аздисаност на Заев, Спасовски и СДСМ продолжува.

Освен набавките за морски плодови и риби, документите покажуваат дека Владата дава пари и за набавка на скапи пијалаци – 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон-виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка итн.

Октопод пијаната влада на Заев и СДСМ додека народот страда за леб, купува, повторувам, 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон-виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка.

Ова не е е само голем скандал, ова е забеганост, ова е лудост, ова се прави додека луѓе умираат и додека има вонредна состојба. Ова е надвор од памет!“, рече Игор Јанушев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во буџетот има дупка од 1.3 милијарди евра, ама нема дупка кога треба да се набават луксузна храна и алкохол. Еве за што им служат набавките во време на корона – за честење, за пиење и јадење скапа храна. Додека Заеви делат пакети за поткуп, за кој медиумите пренесоа дека се со артикли со поминат рок, владата на Заев еве на што ги троши парите.

И сето ова додека Македонија тоне во криза, додека економијата крвави, додека граѓаните страдаат за леб, а здравството брои жртви.

Ова не се приоритети на државата, ова не се приоритети на граѓаните. Свестете се! Ова што го правите е лудост!

Барам, под итно, оваа набавка да се поништи и овие пари, исто како и парите од набавката за морска храна да се пренаменат за купување заштитна опрема за лекарите и дезинфициенси за болниците“, изјави Игор Јанушев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски