(ВИДЕО) Јанушев: Кривични пријави за Џафери, Ибраими и Костовски поради објавувањето на законот за двојазичност

Од:

Законот за двојазичност е штетен и ќе предизвика далекусежни последици по Република Македонија. Дополнителен проблем е што законот е донесен на начинот на кој што се донесува е насилнички и недемократски. Доколку ваквото самоволие на власта реализирано преку поединци остане неказнето, огромен е ризикот преседанот во иднина да се претвори во правило, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа ВМРО ДПМНЕ денеска поднесува кривични пријави против лицата Талат Џафери, Неџбели Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ. Џафери, Ибраими и Костовски, свесно и со целосна умисла извршиле низа кривични дела при што ја злоупотребиле службената положба и овластување и го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на државата. Истите на нечесен и подмолен начин, спротивно на уставот и законите овозможиле објавување на законот за двојазичност без потпис од Претседателот на Републиката, со што се воведува неуставна двојазичност, рече Јанушев.

Тој додаде дека власта е свесна дека врши противправно фејствие и дека законот за двојазичност бил неуставен, што било посочено и од претседателот, но и од многу правници. Како што рече Јанушев, власта и покрај тоа продолжила насилнички и незаконски.

– Законот за двојазичност во Службен весник е пратен само со потпис на Талат Џафери, што е правен преседан и целосно безаконие, бидејќи уставот стриктно пропишува дека указ за прогласување на закон не може да биде спроведен без потпис на претседателот на Република Македонија. Џафери не можел и не смеел да го испрати законот за објавување, а Ибраими, во својство на техничка служба немал никакво овластување да потпише. Костовски е одговорен бидејќи не смеел да објави указ за прогласување на закон без потпис на Претседателот. Џафери, Ибраими и Костовски извршиле свесно загрозување на уставниот поредок бидејќи јасно е пропишана процедурата за прогласување на законот. Пријавените, свесно спротивно на Уставот на Република Македонија, со прогласувањето и стапувањето на силата на Законот за употреба на јазиците, воведуваат двојазничност на цела територија на Република Македонија, со што го рушат Уставниот поредок на државата, рече Јанушев.

Тој го повика јавното обвинителство да се ослободи од политичките притисоци и да постапи по оваа кривична пријава.

– Во моментов во процес на подготовка е и поднесокот до Уставен суд кој во понеделник ќе биде процесуиран, а со кој ќе побараме испитување на уставноста на законот за двојазичност, но истовремено бараме и изрекување на времена мерка за стопирање на имплементацијата на законот. Незаконието мора да запре. Кршењето на уставот не смее да стане пракса која ќе ја премолчуваме. Одговорност мора да има затоа што оваа власт не заслужува да ја води државата. СДСМ мора да си замине и затоа се потребни итни и неодложни предвремени парламентарни избори, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов