(ВИДЕО) Јаневски: Струмица останува симбол на демократијата

Од:

Преостануваат уште шест денови до денот кога треба со својот глас да ја определите насоката по која ќе продолжи да се движи и развива нашата Струмица. Дали тоа ќе биде патот на прогресот, сплотеноста и заедништвото, како и досега или почеток на некаква нова ера без јасен патоказ како понатаму, истакна кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски на денешната прес-конференција.

– За идниот развој на општина Струмица нудиме многу проекти. Над 20 капитални објекти планираме да реализираме во претстојниот мандатен период, и стотина други помали проекти кои се од интерес за сите граѓани во општината, рече Јаневски.

Додаде, дека ќе градат по план и оти треба да обезбедат инфраструктура за сите.

– Ќе обезбедиме инфраструктура за сите, чиста вода и здрава животна средина, повеќе пари кај граѓаните и ќе ги намалиме разликите меѓу градската и селски средини. Ќе работиме посветено и одговорно. Струмица беше и останува симбол на демократијата и на желбата за слободно граѓанско општество во Македонија, но и општина која била, е и секогаш ќе биде прва, рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината