(ВИДЕО) Јанева: Судот да почне да работи, немаме еден збор во записник на главна расправа

Од:

Секој има право да каже и да коментира што сака, но тоа мене не ме обврзува, јас мора да си ја вршам својата службена должност и овластување. Приоритет се нашите предмети кои се активни и извештајот кој треба да го дадеме на 15. септември, рече Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по завршување на рочиштето за „шамарите“ и зборовите на адвокатот Никола Додовски дека согласно барањата на Советот на јавни обвинители, Јанева и Фатиме Фетаи треба да бидат изземени од случајот.

– Писмото од Советот на јавни обвинители го дадов на запознавање на сите предмети па ќе се произнесеме. Најважно е судот да почне да работи и предметите да тргнат во судот, да почнеме да расправаме за нашите предмети во судот. Година ипол нашето обвинителство еден збор нема ставено на записник во кривичниот суд на главна расправа, тоа нам ни е најголемиот проблем во овој момент, рече Јанева.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно