(ВИДЕО) Јанева: Не знаат да читаат закони, инсистирам на мојот тим

Од:

Јас го сфатив ова како предизвик, се надевам верувате во мене јас верувам во Македонија дека ќе може да се справи со овие работи и дека еднаш веќе во Македонија ќе завладее правото, изјави Јанева откако Советот го прополови бројот на обвинители што ќе работат во нејзиниот тим.

-Јас го сакам мојот тим. Ве молам помогнете ми да го добијам мојот тим – рече таа и им порача на новинарите да и помогнат во тоа.

За ваквата одлука дозна паралелно со медиумите, откако претседателот на Советот, Петар Аневски, ја соопшти одлуката пред камерите.

-Заедно со вас го слушнав тимот. Јас останувам на својот тим да биде избран од страна на Советот. Советот го прекрши законот и го узурпира договорот од Пржино. Не бев на состанокот на избирањето. Бев на прватат точка на која ги образложив своите планови. Мојот став беше дека доколку некој од обвинителите не си ја врши работата, јас ќе го отсранам од тимот, а не тие – рече Јанева.

Мислам дека не знаат да читаат закони, рече таа, на прашањето кои се причините за да бидат отфрлени дел од нејзините кандидати.

-Јас сум 12 год обвинител, 12 години ја работам оваа работа, одам на обука со овие луѓе, ме обучуваат овие луѓе кои денеска не им дадоа поддршка на нивните колеги. Ќе работам до крај и ќе побарам да ми се дополни тимот со моите луѓе. Ова се моите луѓе, ова е мојот тим. Ќе работам сега за сега со избраните кандидати и ќе барам секој ден од Советот да го дополни мојот тим. Ги избрав затоа што ми се колеги и затоа што ги почитувам. Мислев дека ова е тимот што треба да работи на овие случаи. Не очекувам ништо да оди бавно – изјави таа.

Негираше дака има судир на интереси кај предложените обвинители. Додаде дека специјалното обвинителство работи веќе еден месец и дека просториите се во Министерството за правда.
Советот направил кастрење само на обвинителите, додека е одобрен останатиот дел од персоналниот план.

За нејзе е сомнително тоа што од скопското обвинителство не е ниеден избран, но избран е од гостиварското иако таму најмногу се жалат на недостаток на кадри.

Таа се уште не знае колку предмети ќе бидат отворени и колку ќе и бидат доставени од обвинителството за организиран криминал.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара