(ВИДЕО) Јанева: Не сум вмешана во рекет

Од:

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, која по една недела боледување се врати на работа, а чии телефони беа одземени за прибирање еветуални докази во случајот за рекет, вели дека ниту свесно ниту несвесно не ја залоупотребила должноста што сè уште ја извршува.

„Од моментот за мој избор за специјален обвинител, мојата професионална биографија и семејството се дел од напади на политичките партии со цел да ме дискредитираат. Оваа функција значи чест и одговорнсот”, рече Јанева пред новинарите.

„Да ви се извинам што подолг период не излегов во јавност, иако не беше лесно да го следам јавниот линч. Во врска со наводите, индициите и вмешаноста во рекет, го изјавувам следното. Тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување не сум ја злоупотребила должноста што ја извршувам“, рече шефицата на СЈО и дополни дека очекува и ги охрабрува органите на прогнот докрај да истражат.

„Се познаваме со Јовановски, мојот син работи во ‘1ТВ’, но тоа не значи дека некој стекнал право да ме злоупотребува мене за да презема незаконити дејствија. Затоа очекувам низ постапка да се стави крај на дезинформациите со кои се наштетува на честа и угледот. Подолго време слушам дека не само Бојан Јовановски туку и други лица го злоупотребуваат моето име и презиме”, рече обвинителката за контактот со првоосомничениот во аферата, Бојан Јовановски.

„Со оставката потврдувам дека не можам да влијаам на конечниот исход на случајот ‘Рекет’. СЈО е позначајно од мојата функција, бидејќи е беспоштедна битка со криминалот. Оставам во наследство десетици истраги. Тие истраги ќе дадат одговор зошто некој се обиде да го спречи тој реизбор и го загрозува кредибилитетот на СЈО. Благодарам на СЈО и граѓаните што ни помогнавте да работиме на одговорот“.

Јанева кажа дека остава во наследство 10-ина затворени истраги подготвени за брзо процесирање кои ќе ѝ дадат одговор на јавноста зашто некој со сите сили се обидувал да го спречи нејзиниот реизбор и да го загрози интегритетот на СЈО.

Шефицата на СЈО не одговори на новинарските прашања по завршувањето на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов