(ВИДЕО) Јанчева: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да си ја сработат работата, блокадите на Скопје да ги прекинат

Од:

„Скопје денеска е заглавен град, како што државата беше заглавена 11 години од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Хаосот што му се случува на Град Скопје е единствено поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и бизнис интересите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

„Како и во кое својство шпицниот градоначалник Мицкоски знае детали од договорот на Град Скопје со приватните превозници?

Тоа е уште една потврда дека токму Мицкоски стои зад денешните блокади на главниот град.

Наместо да се крие зад партиски соопштенија, Мицкоски денеска треба да излезе и да ги повика своите советници да преземат мерки за надминување на блокадите.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот има свои директори, има мнозинство во Управниот одбор на ЈСП и има механизми да презема мерки.

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да почнат да си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните.

Со тоа што стојат настрана и не преземаат ништо, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека тие се поттикнувачи на блокадите што денеска го парализираа градот, а скопјани ги оставија без превоз и заглавени во сообраќајот.

Мицкоски, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се причината што Скопје денес е заглавен, блокиран град кој уназадува, во кој нема нови проекти, а не функционираат ниту основните услуги.

По Скопје 2014 ВМРО-ДПМНЕ му носи нова катастрофа на градот, а штетата од тоа ја трпат граѓаните и жителите на Скопје“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он