(ВИДЕО) Јанакиески на „27 април“: Ако Мукоски ме послушал, немаше да ги отвори вратите, ама Миле е за сѐ крив

Од:

Ексминистерот Миле Јанакиески смета дека обвинителката Вилма Русковска не приложила ниту еден материјален доказ за да го докаже сведочењето на Александар Василевски-Нинџа, а со кој го поткрепува обвинителниот акт за „Организатори на 27 април“. Јанакиески повтори дека не можел да прави некаков план, за што го товари Русковска бидејќи нема комуникација со обвинетите, а бегалецот Никола Бошковски не го ни познавал. За комуникацијата со Спиро Ристовски и Никола Груевски, обвинетиот Јанакиески рече дека не разговарал за никаков план. Говорот го заврши со цитат од изјава на премиерот Зоран Заев, во која кажува дека не смета дека тој е организатор на упадот во Собранието.

„За Обвинителството е најлесно да се каже: ‘Кој ако не Миле, Миле е за се крив’. Како може да направиш план со лица кои воопшто не ги познаваш. Во мојот исказ пред овој суд истакнав и тврдам дека лицето Никола Бошковски воопшто не го познавам. Како изгледа Бошковски видов од телевизија. Со Трајко Вељановски не сум имал никаква комуникација во текот на 2017 година, а тоа се потврдува и со доказите на Обвинителството. Како може со некого да сум правел и кординирал план ако во критичниот период февруари-април 2017 година од неговите 30.000 изведени пораки ниту една не е со мене. Ниту една! Со Спиро Ристовски имавме комуникација додека бевме министри. Исто така, и покрај тоа што  постои детална анализа од  комуникацијата помеѓу мене и Спиро Ристовски, за критичниот период се потврди дека не постои никаков разговор-доказ меѓу нас за некаков наводен план, а најмалку за дејствието што ми се става на товар. Со Владимир Атанасовски сум немал комуникација. Со Никола Груевски никогаш, ама баш никогаш не сме збореле за некаков план за настаните. Исто така не постои запис, ниту беше изведен доказ во оваа постапка дека со Груевски сум правел план. Во периодот од 22.4 до 1.5.2017 година период за кој обвинителството има обезбедено листинзи од мојата комуникација јас имам разменето единствено една смс-порака која што Груевски ја праќа до мене“, кажа Јанакиески за комуникацијата со останатите обвинети.

Јанакиески му укажа на судот дека сведокот Александар Василевски-Нинџа е лице без кредибилитет, со криминално минато, повеќепати осудуван и осуден за настаните од 27 април. Тој праша дали нему или на сведоци на државни функции со пристап до безбедносни информации  релеватни на настанот, треба да им се верува.

„Исказот на сведокот која е основот во обвинителниот акт Александар Василевски Нинџа не е потврден од ниеден друг изведен материјален и вербален доказ. Со измените на обвинителниот акт, а поради немање на докази не сум обвинет за организирање на партиската структура – општинските и месните комитети и организаторите на протестите а се става ново дејствие организирање на протести. Во пресудата по првиот предмет е костатирано дека во период од 60 дена имало ненајавени, односно непријавени собири на граѓани во МВР, а истите не биле организирани од ниедна политичка партија а се одржувале под името За заедничка Македонија. Како организатори на протестите согласно со извештајот кој е прифатен како релевантен доказ во првата постапка ‘се јавувале Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски’. Не е доставен доказ дека Никола Груевски ми дал или дека јас сум примил негова наредба“, додаде Јанакиески.

Обвинетиот Јанакиески кажа дека не постои комуникација со кој било пратеник која би придонела да се случат дејствијата во обвинителниот акт.

„Во однос на мојата порака испратена до Крсто Мукоски: ‘качете се дел во прес салата’. Согласно доставените докази на одбраната докажавме дека ништо не превзел по истата.

Дај Боже да постапил согласно мојата порака и да се качел во прес-салата, немаше да ги отвори вратите и масата народ немаше да влезе во Собранието. Сакам да потсетам дека 3 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои се најдоа во прес салата, со жив штит ги бранеа колегите од СДСМ кои беа нападнати“, додаде Јанакиески.

Јанакиески цитираше изјава на Заев каде вели дека голем дел од организаторите се во затвор, а за обвинетиот вели дека ќе биде осуден за други предмети.

„Имено, во својата изјава премиерот наведува, цитирам: ‘Нема правда ако не ја зборувате вистината од почеток до крај. Трајко Вељановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ниту се, ниту ќе бидат повеќе политичари. Што имам јас интерес да правам каклулации. Миле Јанакиески веројатно ќе биде осуден за некој предмет, 7-8 има. Но за ова, моја должност е да ја кажам вистината. Делото за кое се товари тој е над 10 години затвор. И сега те прашуваат во суд и треба да дадеш исказ и треба да ја дадеш вистината. За мене, политички, ако ги осудат на 15-20 години, е аргумент плус. Меѓутоа, правда ли е ако знаеш нешто, а не го кажеш. Голем дел од организаторите се во затвор, Чавков, Нинџи, минџи и сите што беа внатре што даваа инструкции. Правда не е само ако се водите како ви одговара на вашата политичка гарнитура, туку ќе се исправите пред суд и ќе кажете сè што мислите, за да може и на тој суд да му стане јасно да носи мерливи податоци. Многу често нашата болка е судиите гледаат да учинат на власта, не бе, не треба да учинат на никој’, кажа Јанакиески цитирајќи ја изјавата од Заев.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија