(ВИДЕО) Јајоска: Поради неспособноста на Арсовска, Град Скопје останува без принтери, граѓаните без документи

Од:

„Денеска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи, порди неспособност на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Град Скопје и цела админитрација без 31 принтер значи проблем во давањето на редовните услуги од кои штета ќе имаат граѓаните, физичките и правните лица“, рече Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје.

„Ваквото нејзино неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните ќе ги остави без потребните документи.

Уште еднаш на дело исплива неспособноста на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Толку е менаџерскиот капацитет. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не може да менаџираат ниту со канцелариската опрема во Град Скопје, а не пак да реализираат некој важен проект за градот и граѓаните.

Првите шест месеци од мандатот Арсовска ги помина во неработење и партизација на Градот, секојденвно докажувајќи дека е најнеспособниот градоначалник што Скопје некогаш го имал“, изјави Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски