(ВИДЕО) Јајоска: Партизација на Град Скопје и прекинати проекти е учинокот на Арсовска во првите месеци од мандатот

Од:

„Конструкциите што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат неработењето на градоначалничката од нивните редови, Данела Арсовска. Се ближат првите 82 дена од мандатот на Арсовска а таа не сработе ништо во интерес на градот и на скопјани“, рече Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Во овие два и пол месеци од мандатот, Арсовска ќе остане запаметена по 109 партиски вработувања во Град Скопје, по партизација на Јавните претпијатија и установи во надлежност на Градот и по прекинатиот проект Бас рапид транзит.

Колку Арсовска знае да менаџира покажува и фактот што Градот додели пет милиони денари или над 80.000 евра на ЈП Градски Паркинг, во време кога на предлог на Арсовска се намалува цената за паркирање.

И Арсовска и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираа проблемите со парното греење и ги оставија скопјани на цедило.

Ваквиот однос на Арсовска покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

Оваа партија и нејзините градоначалници не работат за интересите на граѓаните и општините, туку единствено за партиски и личните интереси.

Град Скопје, општините и граѓаните не заслужуваат вакви неодговорни и нечесни градоначалници“, изјави Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања