Помнаа 121 ден откако граѓаните на Македонија бараат оставка од Никола Тодоров како одговорен за трагичната смрт на 9 годишната Тамара Димовска од Велес, која требаше да се лекува во странство, но државата не реагираше навремено, иако лекувањето било ветено на нејзиното семјество од надлежните.
Попладенево движењето Протестирам повторно побара оставка од Никола Тодоров, министер за здравство.
– Тамара ја разбуди граѓанската свест, на еден многу црн начин. Се покажа колку многу ни е скапано здравството во сржта на своето постоење и колку сите ние сме станати пациенти на бирократијата, во една администрација, колку не сме почитувани.
Ние бараме одговорност зашто ја оставија Тамара да умре без никава совест, без никакво чувство на грижа. Никола Тодоров како авторитет излезе и кажа дека ќе се обезбедат средствата и ние му поверувавме, истовремено, ни беше одземено правото на хуманост ние да ги собереме срествата, рече Огнен Јаневски.