(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, беа претставници на Владата на Република Северна Македонија, кои вчера со граѓаните на нашата земја ја пречекаа Тамара Тодевска и нашиот тим кој настапи на Изборот на песна на Евровизијата за 2019 година што се одржа во Тел Авив во Израел.

На срдечниот пречек на Меѓународниот аеродром Скопје на сите од тимот на нашата земја на евровизискиот избор им беа пренесени честитките на Владата на РСМ за успешното претставување на земјата и за историскиот пласман на Тамара Тодевска со песната „Proud“.

„Од името на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име им честитам на Тамара и на целиот тим, за високиот пласман на Евровизија. Тамара е нашиот морален победник. Наша гордост. Со моќна изведба, полна со емоции покажавме дека можеме да конкурираме на светската музичка сцена. Посебно ме радува што околу два часа Северна Македонија беше на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родовата еднаквост и за прифаќањето на различностите. Оваа е пораката што се погласно одекнува низ целата планета и ние сме дел од таа приказна“, рече министерката Царовска на срдечниот на Тамара Тодевска и нашиот тим кој настапи на Изборот на песна на Евровизијата за 2019 година што се одржа во Тел Авив во Израел.

Би можело да ве интересира

Какви се шансите Бугарија, која има финансиски тешкотии, воопшто да организира Евровизија?

А1он

ВИДЕО: Бугарија со „Бангаранга“ победи на Евросонг 2026

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Евровизија во знакот на спектаклот: Бугарија блесна, Кипар ја вжешти сцената

Горан Наумовски

Евровизиска еуфорија: Србија и Хрватска изборија место во финалето

Горан Наумовски

Израел доби зелено светло за Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Горан Наумовски

Мерц: Ако Израел биде исклучен, Германија нема да учествува на Евровизија 2026

А1он