Синоќа во Виена се одржа првото полуфинале од јубилејното 70. издание на Евровизија 2026, на кое настапија 15 земји учеснички што се бореа за место во големото финале.
Публиката имаше можност да проследи разновидни настапи, сценски ефекти и музички перформанси од претставниците на Молдавија, Шведска, Хрватска, Грција, Португалија, Грузија, Финска, Црна Гора, Естонија, Израел, Белгија, Литванија, Сан Марино, Полска и Србија. На сцената настапија и Италија и Германија, кои како директни финалисти веќе имаат обезбедено место во завршницата.
По гласањето беа избрани десетте земји што продолжуваат понатаму во финалето. Пласман обезбедија Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и Полска.
Со ова, заврши првата евровизиска вечер, а љубителите на натпреварот со нетрпение го очекуваат второто полуфинале и комплетирањето на листата финалисти.
