ВИДЕО: Извештајот патува во Брисел само со потпис на Давитковски

Од:

До Европската комисија во Брисел и сите земји членки на Унијата ќе биде испратен примерок од Договорот за настаните од 24 декември само со потпис на претседателот на комисијата Борче Давитковски, и објаснување дека тој е постигнат со консензус меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, дознава 24 Вести.

Тоа значи дека оградувањето од правните квалификации што по потписите го навеле претставниците на владејачката партија нема да стигнат до очите на европските лидери.


Членот на комисијата од СДСМ, професорот Фрчкоски, вели дека уште на самиот чин на потпишувањето на Договорот, што се случи зад затворени врати, претставникот на ЕУ констатирал дека забелешките на Димовски и Дулиќ нема да имаат никакво влијание на правната важност на нивните потписи.

Фрчкоски вели дека и има разбирање за потегот на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на крајот од процесот на преговарање морале да потпишат нешто на што се противеле цело време.

24 Вести за оградувањето од правните квалификации побара став и од ВМРО-ДПМНЕ, но одговор не добивме, па останува нејасно дали и какви последици тоа може да предизвика при спроведувањето на договорот.

Би можело да ве интересира

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

Орце Костов

ЕК бара објаснувања од поранешната потпретседателка на институцијата Нели Крус поради „Досиејата Убер“