30-годишниот Иван кој беше спасен од морето на Халкидики, по цели 20 часа борба со брановите, беше отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчки Protothema.
Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.
Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација.
„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата.