(ВИДЕО) Иванова: Вложуваме во зеленилото во Скопје, градиме плански по современи стандарди

Од:

„Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов во континуитет вложува во подобрувањето на функционалноста и изгледот на градот.

Денеска се наоѓаме на булевар АСНОМ каде е направено модерно булеварско решение со по три коловозни ленти во секој правец, тротоари и велосипедски патеки со средишно и странично зеленило од дрвореди на двете страни.

Исто така има и урбана опрема од двете страни од клупи и корпи за отпадоци со соодветно осветлување“, вели Михаела Иванова, советничка во Советот на Град Скопје.

„Зеленилото на булевар АСНОМ исто така говори за внимателниот и грижлив однос кон проблемот со загадувањето, поставуваме стандарди на квалитет кои градот ги воведува изминативе 3 години.

На оваа локација засадивме околу 300 нови висококвалитетни зимзелени и листопадни садници кои веќе напролет ќе развијат убави крошни во кои минувачите ќе можат да уживаат.

Претходно и на булеварот Србија минатата година изградивме велосипедската патека.

Град Скопје во изминатите 3 години добива нов, урбан лик со целосно функционална инфраструктура, сите нови булевари ги градиме согласно европските стандарди, а онаку каде што дозволуваат условите тие стандарди ги поставуваме и на веќе постоечките булевари.

Граѓаните на градот Скопје веќе одамна ги воочија разликите во квалитетот и затоа секојдневно даваат поддршка на планското градење согласно модерните европски градови.

Тука не застануваме, работиме уште повеќе, за да биде уште подобро“, изјави Михаела Иванова, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он