По повод 7 мај, Денот на полицијата, претседателот Ѓорѓе Иванов со медал за храброст постхумно одлукуваше 32 припадници на полициските сили кои го дадоа животот во 2001 година.
– Донесов указ за постхумно доделување медал на храброст на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, кои храбро ги дадоа животите за татковината. Никогаш не можеме целосно да им се оддолжиме, но можеме да им оддадеме почит за нивните дадени животи, рече Иванов.
– Делата на нашите херои живеат во нашите спомени и во спомените на блиските и ближните. Сите херои кои ги одликуваме денес ја исполнија врвната обврска кон татковината. Верувам дека тие ги положија своите животи мислејќи на своите семејства, на идните поколенија, мислејќи на Македонија. За тоа сме им вечно благодарни кажа претседателот Иванов.