(ВИДЕО) Иванов: Немав за што да зборувам со Зоран Заев

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов за вчерашната средба од две минути со премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров, на прес конференција во Софија кажа дека немал за што да разговара.

– Кога го добив документот, јас немав што да разговарам на таа средба и затоа средбата кратко траеше. Јас не сум бил вклучен во донесувањето на тој документ и зошто да бидам јас тој кој ќе го легализира документот. Како го создале и го донеле без мое учество така и нека си го завршат без мое учество. Тоа е принципиелен став затоа што согласно Уставот и законите на Република Македонија, претседателот е надлежен за склучување на меѓународни договори. Претседателот бил исклучен од целиот процес и изготвување на таков документ, зашто сега да легализира туѓа активност и постапка за која е прекршено она што е создадено како еден вид на консензус на државниот врв, а тоа е нема промена на Уставот и нема прифаќање на ерга омнес. Таа е нивна одлука и нивна е одговорноста, рече Иванов.

– Јас сум се заколнал и сум дал свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот на Република Македонија. Не можам да прифатам акт кој е спротивен на Уставот и законите на Република Македонија и кој е спротивен на консензусот изграден од државниот врв, кажа претседателот Ѓорге Иванов од Софија од заедничката пресконференција со бугарскиот претседател Румен Радев.

Македонскиот претседател кој престојува во официјална посета на Република Бугарија, истакна дека договорот со Република Грција е личен акт и лична одлука на премиерот кој не ги земал предвид сите последици од таков штетен договор.

– Затоа вчера во мојата изјава кажав дека ова е личен акт и лична одлука на еден премиер кој не ги земал предвид сите последици од таков штетен договор, кој не затвора туку отвара многу прашања и создава голема неизвесност и несигурност и за Македонија и за регинот – рече македонскиот претседател.

Според Иванов се знае кој е тој кој сиве овие години ја попречува и влијае на стабилноста на регионот и на Македонија.

– Не прифаќам квалификација дека јас сум ја попречувал стабилност на регионот. Се знае кој е тој што сиве овие години ја доведува состојбата во Македонија да биде ваква. Се знае кој ја блокира Македонија и влијае на нејзината иднина. Се знае кој го попречува правото на просперитет на еден народ, рече Иванов, додавајќи дека е недозволиво во остварувањето на стратешките цели и определби членството во ЕУ и во НАТО да бидат алиби за штетни и за поразителни договори кои ќе ги склучува Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска