(ВИДЕО) Истражување: Граѓаните се поголеми оптимисти за влез на Македонија во ЕУ

Од:

Според истражувањата на „Евротинк“ направени во периодот од 1 до 21 март на 1043 испитаници, зголемен е бројот на граѓани кои сметаат дека Република Македонија треба да влезе во Европската Унија, дури 70 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија е на вистинскиот пат.

Во споредба со 2015 година, процентот на овие граѓани се зголемил за 3 отсто од кои најголем број во последната година. Исто така, зголемен е и бројот на оние кои мислат дека Македонија ќе успее да се интегрира во ЕУ во наредните 5 години, односно 32 отсто од испитаниците, што е за 3 отсто повеќе од претходната година.

Невладината „Евротинк“ исто така направи истражување и за договорот кој Македонија го потпиша со Бугарија за добрососедство. Од ноември минатата година до март оваа година позитивната оценка од граѓаните за овој договор се зголемува, додека, пак, негативната опаѓа. Речиси 49 отсто од граѓаните во март договорот со Бугарија го оцениле како позитивен, за разлика од ноември кога само 30 отсто од граѓаните сметале дека договорот со соседна Бугарија е позитивен за Македонија.

Во однос на економските односи помеѓу Бугарија и Македонија, 59 отсто од испитаниците сметаат дека двете држави имаат подеднаква корист, 21 отсто сметаат дека само Бугарија има голема корист од овој договор, додека, пак, само 6 отсто од испитаниците мислат дека Македонија има корист од потпишувањето на Договорот за добрососедство.

39 отсто од испитаниците сметаат дека меѓународната позиција на Македонија е иста со онаа од пред 12 месеци, 27 проценти мислат дека е послаба, а 26 отсто сметаат дека е посилна. Најголем оптимизам во однос на подобрување на меѓународната позиција на државата имаат членовите на партијата Алијанса на Албанците и СДСМ, додека, пак, членовите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со доаѓањето на новата власт меѓународната позиција на државата опаѓа.

Спроведеното истражување покажа дека според Македонците и Албанците најголем непријател на Македонија е Грција, додека, пак, грчките граѓани сметаат дека најголем непријател за нив е Турција, која, пак, Македонците ја сметаат како најголем пријател.

Прашањето за проблемот со името со Грција според 42,8 отсто од испитаниците е важно, а за 12 отсто воопшто не е важно. Во споредба со ова, дури 65 отсто од грчките испитаници сметаат дека е важно да се реши овој проблем. Висок е процентот на Македонци и Грци кои сметаат дека одложувањето на разрешување на спорот со името е на штета на двете држави.

Најголем број од испитаниците во Македонија сметаат дека односите со Грција не се ниту добри ниту лоши. Триесет и еден отсто сметаат дека односите со нашиот јужен сосед се само лоши, а 14 отсто дека се добри.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески