ВИДЕО: Исполнување на барањата или продолжување на протестите против „Монструм“

Од:

По половина час мирен протест, демонстрантите си отидоа од пред трговскиот центар Мавровка каде ги пречека кордон од полицајци и не им дозволи да се упатат пред зградата на судот.

Пред демонстрантите зборуваше струшкиот градоначалник Зијадин Села, како и поранешниот пратеник Хисни Шакири.

Овој пат протестот го организираше „Координативниот совет против политички монтираниот процес Монструм“.

Барањата на оние кои протестираа остануваат исти. Побараа од сите албански политички партии да бидат со нив а не да бидат со оние кои ги дискриминираат албанците во земјава.

„Во Македонија кога се во прашање Албанците, не постои систем на право, туку правото е преобразено во систем на државно насилство. Бараме објавување на невиноста на нашите роднини и нивно ослободување, итно разрешување на Јавниот обвинител и судијата и нивно кривично гонење за злоупотреба на службена должност, оставка на Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и итно ослободување на сите приведени лица од протестите во Скопје и Тетово“, изјавија од Координативниот совет против политички монтираниот процес „Монструм“.

Организаторите на протестот посочија дека протестите нема да запрат се додека не се исполнат нивните барања.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски