ВИДЕО: Инцидент на седницата на советот на Општина Аеродром

Од:

„На последната седница на советот на Општина Аеродром каде што како дополна беше поставена точката за иницирање референдум на локално ниво против населување на мигранти, по предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при расправата по предлогот дојде до инцидент предизвикан од страна на советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Додека советникот на СДСМ, Марко Данилоски зборуваше од говорницата, советникот од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Шехтански вербално и физички се обиде да го нападне советникот Данилоски.

За сето тоа време претседателот на Советот, Камиловски ниту го опомена, ниту го спречи, советникот Александар Шехтански.

Нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ е голема. На нивните лаги за вселување на бегалци во Македонија никој не верува.
ВМРО-ДПМНЕ ги нервира фактот дека токму тие донеле Стратегија за интеграција на беглаци за 2008-2015 година.

Нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ е поголема затоа што се соочува со пораз на локалните избори и токму затоа во тие општини каде нејзниот рејтинг е слаб тие со измислентата тема за бегалците се обидуваат да ги заплашат граѓаните и со тоа да пробаат да извадат ситен политички поен“, се вели во соопштението на советничката група на СДСМ во Аеродром.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана