(ВИДЕО) Инцидент на Деве Баир: Приведени тројца Бугари по турканицата со македонската полиција

Од:

Тројца бугарски државјани по расправијата со македонските полицајци беа приведени од полициjaта на граничниот премин Деве Баир.

По неколку часовно чекање поради пад на системот, колоната возила со Бугари кои требаше да одат на чествување на македонскиот револуционер Гоце Делчев, почна да се движи.

Но, откако влегоа две возила, полицијата почна да ги реди останатите во колона после преминот, неколкумина беа вратени назад затоа што сакаа да истакнат венец наменет за гробот на Гоце Делчев.

Полицијата почна детално да ги претресува возилата и во еден момент се случи расправија по која многубројната полиција веднаш ги приведе бугарските државјани, а објективот на „А1он“ го сними инцидентот.

„Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале. Потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија за „А1он“ од МВР.

Би можело да ве интересира

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Најмалку 120 лица повредени во антивладините протести во Мексико Сити

(ВИДЕО)Активистот Миша Бачулов приведен до 48 часа, обвинет за подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија

А1он

Во Грузија уапсени тројца Кинези – сакаа нелегално да купат ураниум

А1он

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски