(ВИДЕО) Илиоски: Битолчани не смее да наседнат на импровизирана гасификација по струмичкиот модел на Заев

Од:

Зоран Илиоски, кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска во изјава за медиумите потсети на два проекти за кои, како што рече, нивните опоненти шират невистини дека се откажале и целосно ги игнорирале.

– Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација – живи пари кои се реални, обезбедени и веќе се реализират. Гасоводот Неготино-Кавадарци веќе е на пат кон Битола и во 2019 година треба да почне изградбата на дитрибутивната гасоводна градска мрежа, а првите корисници на топлинска енергија од РЕК ќе се приклучат на централното парно греење следната зима. Проектите се регулирани со посебен закон, а дел од парите се обезбедени преку заеми од сериозни странски банки и изградбата е во тек и е во напредна фаза. Единствено што може да ги спречи или одложи се некакви измислици и манипулации од типот на згрешена траса какви што веќе видовме, рече Илиоски.

Тој додаде дека краткорочна гасификација на Битола по примерот на Струмица не може и не смее да биде замена за овие гигантски, капитални и долгорочно издржани проекти.

– Битолчани не смеат да наседнат на импровизирана гасификација по струмичкиот модел на Заев, со дотур на гас со цистерни која е скапа, крајно небезбедна, со можност за богатење на некој тендераш близок на Заев кој би го набавувал гасот, по висока цена на грбот на Битолчани, рече Илиоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата