ВИДЕО: Илија Димовски вербално се пресметува со новинари и лепи партиски етикети

Од:

Пратеникот Илија Димовски и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање за известувачот на А1 како ја коментира навредата на неговиот сопаратиец Илија Китановски дека „пратениците на опозицијата се србокумонисти“, наместо да одговори на прашањето на новинарот му поставуваше контрапрашања како тој коментира одредени случувања во Собранието.

Се обиде и да дискредитира новинари со тоа што се нафрли со навреди дека се блиски до СДСМ и затоа го прават ова. Инаку Димовски однесувањето на опозицијата го нарече најнизок и највулгарен обид да се стопира работата на законодавниот дом.

„Овој хаос е израз на безидејноста и немоќта на СДСМ и стравот од нормални избори. Грубо се крадат материјали од претседателотот на комисијата, Горан Мисоски и Игор Ивановски со недоличното однесување комисијата сакат да ја претворат во партиска говорница. Ова е израз на фрустрациите на врвот на СДСМ кој не знае како да се врати на власт. ВМРО-ДПМНЕ апелира оваа ситуација да се прекине“

„Некој седи во удобни партиски кабинет и диктира како да се спроведе ниско и агресивно сценарио, Апелирам да се вразумат“, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”