(ВИДЕО) И Заев се качи на велосипед

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска возеше велосипед во рамки на одбележувањето на Денот без автомобили и подигањето на јавната свест за зачувување на средината во која живееме. Под мотото „Сите на велосипед“, тој, заедно со граѓаните на општина Струмица учествуваше во завршниот дел на „Европската недела на мобилност“, проект на ЕУ.

– Ако мотото на овој проект е „Нашите улици, наш избор“ тогаш сите ние треба да си придодадеме уште едно мото: ,„Нашиот живот – наш избор“. Мора еднаш засекогаш да сфатиме дека првенствено од нас зависи каков ќе ни биде животот кој го живееме и какво ќе биде нашето здравје. Ако е така, тогаш ајде сите на велосипед и тоа не само денес. Ако не постојано, барем што почесто, ем по потреба во секојдневието, ем рекреативно. Ајде да го земеме урнекот на културата на живеење од луѓето кои живеат во високоразвиените западноевропски земји – рече Заев.

Тој истакна дека иако автомобилот е голема потреба, таквата потреба е минорна во споредба со потребата да ја зачувуваме животната средина и сопственото здравје.

– Убеден сум дека Струмица го прави вистинскиот избор и дека пораката што одовде ја праќаме ќе ги даде посакуваните резултати – рече градоначалникот Заев.

Во одбележувањето на Денот без автомобили се вклучија и учениците од ликовните секции на општинските основни и средни училишта кои на плоштадот цртаа на повеќе теми.

Општина Струмица со повеќе активности се вклучи во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ која започна на 16 септември, а чија цел беше воведување и промовирање нови алтернативни мерки за транспорт кои ќе бидат оддржливи и ќе придонесат за намалување на штетните емисии на гасови и зачувување на животната средина.

DSC_0276

DSC_0258

DSC_0202

DSC_0201

DSC_0196

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев