ВИДЕО: Хуманитарен божикен мјузикл во Струмица

Од:

Хуманитарен новогодишно-божиќен мјузикл, под слоганот „Музика и хуманост без граници” одржаа во петокот гимназијалците од струмичкото средно училиште „Јане Сандански”.

Големиот интерес за концертот со песните од Тоше Проески резултираше со негово повторно одржување, веднаш после првата изведба.

Повеќе од 70 учесници, преку глума, хорско пеење, балет и солистички изведби поддржани со инструменталисти, го одиграа својот необичен мјузикл посветен за Тоше Проески. Повеќе од 30 песни склопени во 80-минутен мултимедијален настан.

Овој хуманитарен настан немаше класична влезница туку граѓаните донираа свои подароци под симболичната елка, а тие се наменети за 20 социјално загрозени семејства во Струмица.

Менторите на хорот и оркестарот велат дека досега своите концерти никогаш не биле изведени два пати во истата вечер, а поради огромниот интерес размислуваат да го одржат својот хуманитарен мјузикл и во други македонски градови.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Stefani & The Upper Room – Вечер на надеж,  вера и современа христијанска госпел музика

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана