ВИДЕО: Хаос во Гевгелија, бегалците заробени во меѓузона

Од:

Илјадници бегалци од воените подрачја се заробени на македонско-грчката граница откако полициски единици ги спречија да тргнат пеш кон Гевгелија.

На грчката страна се блокирани товарни и патнички возови кои не можат да ја преминат границата.

Граѓани од таму јавуваат дека полицајците ги напаѓаат мигрантите со пендреци за да ги натераат да се повлечат. Очевидците велат дека се случува драма, дека мигрантите пеат песни додека врне дожд.

migrantigevgelija3

Македонската полиција ги спречува мигрантите да влезат во земјава. Поради хаосот невозможно е од Гевгелија да се патува со воз.

migrantigevgelija4

Неколку илјади бегалци се стационирани на железничката станица во Гевгелија каде чекаат воз што ќе ги пренесе до Србија.

Новинари преку социјалните мрежи пишуваат дека не нашле место во патничкиот воз, поради што тргнале од Гевгелија со кола.

Фото: Твитер

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод