(ВИДЕО) Груевски во Македонска Каменица најави рурална развојна зона

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Македонска Каменица кажа дека општината и градоначалникот Дарко Митевски ќе овозможеле граѓаните да можат да се стекнат со сопствен дом по симболична цена од само едно евро за квадрат, а најави и укинување или намалување на трошоците за комуналии и за градење на куќи.

– Ќе има целосно отпишување на долговите за комуналии за социјално ранливите категории заклучно со септември 2017. Нудиме концепт во кој ќе нема неосветлена и неасфалтирана улица и каде ќе има парк во секое маало. Ќе се изградат нови градски локални улици и реконструкции на постоечките улици. Ќе се изгради и пречистителна станица на Каменичка река, ќе се изградат нови водоснабдителни системи во руралните средини, рече Груевски.

Тој напомена дека ќе се реконструира и училиштето „Свети Кирил и Методиј“ и дека ќе се отвори нова детска градинка.

– Ќе се направи комплетна реконструкција на „Дом на рудари“ и негова адаптација во мултифункционален објект. Ќе се направи рурална развојна зона за помош на повозрасни лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ