(ВИДЕО) Груевски: Нема техничка влада, Заев ме убедуваше да изјавам дека сум прифатил

Од:

Премиерот Никола Груевски по средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев категорично изјави дека нема договор, а за формирање техничка влада не постои ниту минимум шанса.

Груевски рече дека со Заев разговарале за формирање на работни групи и состанокот течел конструктивно, но пред крајот на средбата лидерот на СДСМ според Груевски добил совети од некого без да прецизира од кој, и побарал од него пред медиумите да каже дека прифаќа формирање техничка влада.

„Разговорите течеа во една мирна и конструктивна атмосфера и при крајот бевме договорени од следната недела да почнат со работа работни групи кои ќе ги адресираат сите прашања кои што ги засегаат двете страни и нив и нас. На неколку минути пред крајот, Заев побара од мене во изјава да потврдам дека прифаќаме формирање на техничка влада, што за мене беше изненадување и ми личи дека некој го посоветувал на тоа, и нормално јас тоа не го прифатив. Ние сега формиравме влада пред неколку дена и владата почна турбо да работи. Технички влади не бараа од нас граѓаните на овие избори“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела