(ВИДЕО) Груевски некогаш: Не може ако некој има медиум да направиме посебни закони за него

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кога ја затворија А1 телевизија се повикуваа на судот, сега кога истиот суд одреди притвор за Сеад Кочан поради сомнение за злоупотреба на 17 милиони евра од јавен тендер, викаат дека е загушување на слободата на медиумите.

Токму Никола Груевски во интервју пред владата кога се затвораше А1 телевизија кажа дека не може никој да се правда дека е медиум и дека сите фирми се еднакви пред законот. Груевски дури и ја правдаше замрзнатата сметка на А1 телевизија поради што медиумот повеќе не можеше да работи.

-Не можеме некој ако има медиум да направиме посебни закони за него зошто тоа никаде го нема. Вообичаена постапка е на судот кога станува збор за предмет во кој има сомнение за тежок криминал, тоа е и препорака на ОН и на многу експерти што почесто да се изрекува таа мерка.

Законот е ист за сите, не може да важи за сите фирми еден закон, а некој ако е осомничен за 16 милиони евра тој да се повикува на вработените и да врши притисок врз судот.

Ние никогаш не сме се мешале во работата на судот и никогаш нема да го направиме тоа, тврдеше тогаш Никола Груевски.

Но, сега иако не е побарано замрзнувањето на сметката на ТВ Нова, туку само е одреден притвор за сопственикот Сеад Кочан, ВМРО-ДПМНЕ смета дека не се работи за криминал, судот за партијата е пристрасен, а мерката ја нарекуваат како намера да се смени уредувачката политика на медиумот, кој по влијание и гледаност е подолу на скалата.

Кога се затвораше А1 телевизија, се вршеше масовен прогон на сите вработени, телевизијата беше под опсада на полицијата, не се дозволуваше влез во медиумот за новинарите, беа апсени и бремени жени, новинари беа повикувани на распит, но сето тоа тогаш беше законски. Одговорот дали судот или некој друг ја уништо А1 телевизија ќе биде појасен доколку СЈО отвори постапка заснована на прислушуваните материјали.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата