(ВИДЕО) Груевски: Изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со Јоханес Хан, комесар за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.

На средбата соговорниците разменија мислење за повеќе сфери и области вклучително актуелните политички случувања, темата со изборите и случувањата со мигрантската криза.

Соговорниците констатираа дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11- ти декември.

Груевски посочи дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ принципиелно се придржува и го дава својот придонес во исполнување на политичкиот договор постигнат меѓу партиите.

Соговорниците разговараа и за предизивците со мигрантската криза каде Реублика Македонија во досегашното справување даде значаен придонес, при што за понатамошни активности беше заклучено дека е потребно заедничко и координирање делување соглашно стратешките определби на Унијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ