ВИДЕО: Груби обвинува дека БЕСА не ги поддржува реформите, тие одговорија дека не се гласачка машинерија

Од:

Кворумот за работа во Собранието, освен за пленарните седници, доведен е во прашање и за работата на комисиите. Артан Груби од ДУИ ја обвини Беса дека не учествувала во работата на Комисијата за избори и именувања кога на дневен ред дошол предлогот за избор на Насер Ајдари за уставен судија и за двете испразнети места во Советот на јавните обвинители.

– Изразив жалење што пратеникот од Беса не овозможи редовен тек на Комисијата каде што требаше два реформски елемента да се реализизраат. Со бојкотот не дозволи реализирање на реформите. Од Беса декалративно велат дека ги поддржуваат реформите, но на дело не придонесуваат и не учествуваат на пленарната седница да им дадат поддршка на законите што се дел од владината програма – рече Груби.

Од Беса, пак, тврдат дека тие не се гласачка машинерија и бараат време да ги разгледаат предлозите пред да изградат став и да гласаат.

– Се договориме да се свика седница за две прашања- членови на Агенцијата за пошти и за апанажите на функционерите. Беа на дневен ред и поминаа, сè што друго е кажано е лага од ДУИ. Тие продолжуваат со стариот начин на владеење, јас не сум машинерија за гласање, градам ставови по мое убедување. Не сум гласачка машинерија на ниедна група.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он