(ВИДЕО) Груби: Чаир е на Али Ахмети и на ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција вечерва одржува митинг во спортската сала „Шабан Трстена“. На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и владини министри од редовите на ДУИ.

Вицепремиерот Артан Груби пред почетокот на митингот изјави дека очекува масовно присуство. Кажа дека митингот е продолжение на собирите што ги имаше ДУИ Тетово, Гостивар, Желино, Врапчиште и други општини, и најави дека ќе продлжат и по другите ограноци на партијата низ државата. Груби демантира дека луѓето на митингот се дојдени под притисок. Вели дека собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.

– Чаир е на на Али Ахмети и на ДУИ, кажа Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.

Додаде дека Меџити бил поканет, но, како што наведе, „на крајот на краиштата никој не се кани во својот дом“.

Изет Меџити кој ја претставува таканаречената „огнена група“ на ДУИ, пак, претходно изјави дека тој како претседател на чаирскиот огранок на партијата не е поканет на вечерашниот митинг.

Меџити, кој заедно со градоначалниците на Чаир и Град Скопје, Висар Ганиу и Данела Арсовска, присуствуваше на официјалното започнување на изградбата на Мега паркот, рече дека вечерашниот митинг на ДУИ му наликува повеќе на концерт имајќи предвид, како што наведе, „се носат звучни имиња од естрадата“.

Вечерашниот митинг во Чаир е прв голем собир на кој ќе се обрати Ахмети, откако двете „завојувани“ страни на ДУИ половина година оддржуваат паралелни собири.

Пред три недели во Чаир митинг одржа и фракцијата во партијата „огнената група“ на кој беа критикувани министрите на ДУИ, а особено Груби.

Судирот во ДУИ се заостри особено откако Ахмети за координатор на чаирскиот огранок го назначи шефот на дипломатијата Бујар Османи, потег кој за „огнените“ е нестатутарен, бидејќи Изет Меџити е претседател на огранокот на Чаир. Тоа го толкуваат како партиска елиминација на „огнените“ и најава за слични чекори и кон другите „непослушни“ координатори.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поголема услуга ние на луѓето не може да им направиме отколку да ја зачлениме Македонија во ЕУ

Фракцијата на ДУИ славеше партиска годишнина во Тетово

Ахмети нема да крева бело знаме: За три до четири години влегуваме во ЕУ

Орце Костов

Две прослави за годишнината на ДУИ

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски, ВМРО падна под 320.000 гласачи

Ана Ололовска

Два милиони евра за косење трева на автопат со двајца работници – Кого директорот од ДУИ усреќи со тендерот за одржување

Орце Костов