ВИДЕО: Грк криумчарел мигранти во камион со 23 тона компот од праски

Од:

Мобилен тим при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа спречил нелегален влез на шест мигранти со потекло од Ирак при контрола на товарно моторно возило на влез на граничниот премин Богородица. Станува збор за товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин.

Притоа, соопштија денеска од Царинската управа, поради оштетување на царинските обележја запленета е и стоката и товарното моторно возило во кое се криеле мигрантите.

– Случајот е откриен откако инспектори од Одделението за оперативни работи при селекција за детален преглед на возилото забележаа преправки во фабричката надворешна конструкција на возилото, со што се овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба, појаснуваат од Царина.

Појаснуваат дека со отворање на церадата во товарниот дел меѓу стоката која се превезувала се откриени шесте мигранти, при што се предадени на Министерството за внатрешни работи.

– Стоката или вкупно 23 тона компот од праски, влекачот и полуприколката со вкупна вредност од 2,3 милиони денари привремено се одземени. До Основниот суд во Гевгелија поднесени се и соодветни прекршочни постапки поради прекршување на член 267 и 269 од Царинскиот закон, се вели во соопштението од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

Операција „Филтер“: 13 приведени, претреси на 20 локации

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута