Вчера во дневникот во 17 часот на јавниот сервис, се случи непредвидлив инцидент при вклучување на новинар во живо. Во кадар се појави човек, кој остро ја нападна МТВ дека лаже во однос на нивното информирање на јавноста.
– Имам право да зборувам, лажете! Зошто лажете? – силно извикуваше граѓанинот. За да се избегне уште поголем скандал, граѓанинот беше набрзина беше отстранет по интервенција на снимателот.
Бизнисменот Сеад Кочан, млад бизнисмен и член на Сојузот на стопанските комори, кој беше на линк во живо, остана збунет по оваа несекојдневна сцена, и по неколку секунди продолжи да зборува.
Извор: Ohrid1.com